Иако точната состојка која ги предизвикува овие промени сè уште не е откриена, научниците препорачуваат да се намали неговата количина во исхраната.
Маслото од соја е честа состојка во преработената храна и претставува половина од сите растителни масла кои се произведуваат во светот, но крие една опасност по здравјето, велат научниците.
Поточно, на Универзитетот во Калифорнија, Riverside, е спроведено истражување кај глувци, при што една група добила храна богата со масло од соја, друга масло од соја без линолеинска киселина, а третата кокосово масло.
Резултатите покажале дека маслото од соја предизвикува дијабетес и дебелина. Покрај тоа, може да доведе до генетски промени во мозокот, кои предизвикуваат невролошки нарушувања како што се вознемиреност и аутизам, алцхајмерова болест и депресија.
Го модифицирал изразот на сто различни гени во регионот на хипоталамусот, и довело до различни воспаленија и негативно влијаело врз метаболизмот. Двата вида масло од соја имале слични ефекти, додека кокосовото масло ги немало.
Променетите гени ги вклучуваат оние кои се поврзани со шизофренија, депресија и алцхајмерова болест. Најголеми последици претрпел генот задолжен за секреција на хормонот окситоцин, кој потикнува зближување со другите и чувство на еуфорија. Промените во функцијата на тој ген се поврзани со депресија и аутизам.