Јавниот долг на државава за една година се зголемил за 338,7 милиони евра.
Министерството за финансии објави табела со состојбата на јавниот долг заклучно со крајот на минатата година, при што може да се види дека на крајот на минатата година тој изнесувал 5,54 милијарди евра, што е пораст за 338 милиони евра во однос на 5,2 милијарди евра колку што изнесувал на крајот на 2018 година.
Гледано во проценти, на крајот на 2019 година долгот е 48,9 отсто од БДП, што е раст за 0,3 процентни поени во однос на 2018 година, кога бил 48,6 отсто.
Државниот долг, пак, гледан во апсолутен износ, на крајот на минатата година бил 4,56 милијарди евра, што е раст за 212 милиони евра во однос на 2018 година, кога бил 4,34 милијарди евра.