Русија се подготвува за случај на брзо ширење на коронавирусот, изјави висок руски службеник, откако некои региони ги затворија училиштата и ги откажаа јавните настани поради ширење на грипот.

Русија има 4.300 километри граница со Кина и досега се откриени два случаи на коронавирус во Сибир, кај кинески државјанин.

Заменик министерот за здравство Сергеј Крајевој рече дека е тешко да се предвиди како ќе се одвива ситуацијата во Русија.

– Се подготвуваме за можно ширење на инфекцијата од големи размери, рече Крајевој.

Од епидемијата на коронавирус во Кина починаа 425 лица, а над 20.000 се заразени.

Случаи на коронавирус се регистрирани во повеќе од 25 земји, а покрај Кина, најмногу има во Јапонија (20), Тајланд (19) и Сингапур (18).