Во текот на денешниот ден во попладневните часови во просториите на ОК Центар на ВМРО – ДПМНЕ, се формираше најновиот, најмедицинскиот и најстручниот подкомитет именуван како „Клинички центар“. На конститутивната седница беа присутни членови од различни клиники во рамките на „Клиничкиот центар – Мајка Тереза“, оваа седница ја отвори првично Гане Петров, претседателот на ОК Центар.
„Од вас како членови на овој подкомитет се очекува да го дадете максимумот и да учествувате во градењето на подобра Македонија, држава со квалитетна медицина, медицинска помош и стручен и квалитетен персонал. Да ја вратиме Македонија и здравствениот систем во Македонија на ниво достојно за секој граѓанин“ – изјави Гане Петров претседател на ОК Центар.
Потоа на присутните се обратија и членот на ИК на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Николов, како и претседателот на централната комисија за здравство Синиша Стојаноски.
„Мора да сопре овој хаос и негрижа за македонскиот пациент која во моментот владее на сите клиники во државата не само во рамките на „Клиничкиот центар – Мајка Тереза“, докторите, медицинскиот и техничкиот персонал се тие кои најмногу може да влијаат на квалитетот на здравството во Македонија. Затоа се повикуваат сите што работат по клиниките, а воедно и треба да се почуствуваат повикани без разлика на нивната политичка определба и секаде каде недостасува или има неквалитетно здравство соодветно да се реагира, да се обединиме и да го вратиме достоинството на здравствениот систем во Македонија“ – посочи Игор Николов, член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ.
Синиша Стојаноски ги поздрави присутните членови на подкомитетот „Клинички Центар“ и посочи дека ваквата иницијатива за формирање на еден ваков стручен подкомитет тлеела и растела подолго време како идеја и сега конечно добива форма во која и преку која може да се делува во однос на тоа да се има подобро здравство во Македонија.
Со присутноста во толкав број членовите на овој подкомитет покажаа подршка во однос на конституирањето на еден ваков подкомитет, дека повеќе од потребна била ваква инцијатива. Додека пак работата и активностите што предстојат ќе го потврдат квалитетот на членовите на подкомитетот, а воедно и ќе ја потврдат довербата дадена на претседателот на подкомитетот „Клинички Центар“ која во овој момент ја има првоизбраниот претседател, Душко Дуковски.
Аирлија нека е работата на овој подкомитет, а воедно за поздравување се и сите вакви и слични иницијативи кои што ќе помогнат во помал или поголем степен здравството во Македонија да го врати своето достоинство, чест и реноме на систем кој се грижи за граѓаните на Македонија, а не ова што во моментот се случува, генерална негрижа и несовесност, нечовечност од страна на првиот човек, министерот за здравство, Венко Филипче, кој пројавува интерес само за тендери и тендерски наместени ситуации, која започнува од него и продолжува се до сите негови поклоници и подржувачи на оваа деструктивна власт и политика.