Современиот начин на живот ги поместува границите за основање на семејство. Па така, многумина зборуваат за отчукување на биолошкиот часовник и ги спомнуваат годините до кои жената би требало да се оствари во улога на родител.
Оптималното време кога жената треба да остане бремена е кога е емоционално, ментално и финансиски подготвена, а тоа се разликува од жена до жена. Еве какви се искуствата на лекарите и мајките.
Пред 20-та година
Овие години за повеќето жени не се идеални за да се остварат како мајки, но факт е дека жените во овие години се најплодни. Исто така, помал е ризикот од компликации во бременоста, како што се гестациски дијабетес и хипертензија. Финансиската нестабилност и проблемите кои доаѓаат со одгледувањето на детето се исто така проблем во овие години.
Во 20-тите години
Повеќето жени во овие години и понатаму се многу плодни, со 25% шанси да останат бремени секој месец. Финансиите и понатаму можат да бидат проблем бидејќи во овој период од животот најмалку заработуваат. Од медицински аспект, овој период е најдобар доколку планирате да станете мајка, бидејќи на крајот на краиштата може да се направи баланс со кариерата.
Од 30-та до 35-та година
Со наполнување на 30 години, плодноста се намалува, но не во голема мера.
Што се однесува на професијата, кога жената ќе забремени во своите рани триесетти, тоа ѝ овозможува да ужива во младите години, да ја истражува својата кариера и да се запознае себеси, а со повеќе животно искуство одлично ќе се оствари во улогата на мајка.
Помеѓу 35-та и 45-та година
По 35 години, плодноста на жената секој месец се намалува за 5 проценти. Во овој период се зголемуваат и здравствените проблеми, како што се хипертензија, дијабетес во бременоста и ниво на хормонски дисбаланс.