Податоците од Извештајот на Светската здравствена организација (СЗО), медицинското списание „Ланцет“ и Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), покажуваат дека Македонија се наоѓа на 40-тото место во светот според грижата за децата.
Документот насловен „Иднината за децата во светот“, почнува со поразително тврдење дека ниту една држава не го заштитува адекватно здравје на децата, нивното опкружување и нивната иднина.
Како земја која најногу се грижи за децата е посочена Норвешка, а по неа следуваат Јужна Кореа, Холандија, Франција, Ирска, Данска, Јапонија, Белгија, Исланд, Велика Британија, Луксембург и Сингапур. Според извештајот, последнорангирана е Централноафриканската Република.
Од земјите во регионот Словенија е рангиранана 25-то место, Грција на 31-во, Црна Гора на 34-то, Босна и Херцеговина на 38-мо, Бугарија на 45-то, Србија на 48-мо, Турција на 60-то и Романија на 80-то место.
Еспертите што го изработиле Извештајот велат дека најсиромашните држави треба да поминат долг пат, за да обезбедат услови за здрав живот на децата. Од друга страна, богатите земји, ја загрозуваат иднината на сите деца со загадување на природата преку испуштање емисии на штетни гасови, како јаглерод, што доведува до промена на климата и еколошка катастрофа.
Во извештајот се потенцира дека ниту една држава не постигнала добри резултати по параметрите за развој, одржливост и правда за децата.