Во Албанија нема потврден случај на „Ковид-19“,рече Еугена Томини раководителката на секторот за епидемиологија во Министерството за здравство.
-Вчера беа тестирани 4 случаи во лабораторијата за вирологија на Инстутот за јавно здравје,кои се покажаа како негативни. Од избувнување на епидемијата во Кина до вчеравечер, тестирани се 17 сомнителни случаи, од нив 8 лица кои пристигнале од Кина,додека 9 од Италија.Сите се негатвни, изјави Томини.
Додаде дека надѕорот на граничните премини во моментот е засилен.
-Засилениот надѕор на сите гранични премини, покажува дека,во последните 24 часа се контролирани и советувани 3.500 лица кои патувале во земји погодени од појава на коронавирус. На меѓународниот аеродром во Тирана се врши мониторинг на температурата за сите патници незвисно од каде доаѓаат, рече Томини.
Таа ја повтори препораката на Министерството граѓаните кои доаѓаат од погодените области самоинцијативно да се ставаат во карантин во период од 14 дена.
-Исто така на граѓаните кои патувале во погодените земји и кои имаат знаци на вирусна инфекција, треска, кашлица и особено респираторна инсуфициенца (отежнато дишење)им препорачуваме да се јават на број 127 за да добијат соодветни упатства за тоа како да постапат,посочи Томини.
Според неа, на овој телефонски број дневно се регистрирани од 1.200 до 1.300 повици.