Жената на која вчера и беше дијагностициран корона вирус не влегла во Македонија вчера во утринските часови како што соопштија надлежните, туку пред неколку дена. за ова сведочат соседи на жената која живее на Кале. Велат дека неколку дена претходно ја гледале сосетката.
-Таа беше вратена од Италија, но пред неколку дена, велат очедивидци од соседството во населбата на Кале.
Во текот на вчерашниот ден надлежните дадоа различни информации за жената за која беше утврдено дека има корона вирус.
Прво беше кажано дека пристигнала во земјава рано утрината и сама се упатила на Клиниката за инфективни болести, потоа следеше изјава дека „беше спроведена од граница на Клиниката за инфентивни болести“, за на крај министерот за здарвство Венко Филипче да каже „не кажала на граница дека е болна“.
Оваа информација е многу важна поради детектирање на лицата со кои била во контакт од една страна и од друга, доколку имало соодветна контрола на граница ќе се избегнеле контактите и бројката на лица кои е можно да се заразени ќе биде далеку помал.