Герила-акција во Битола: И воздухот е подлегнат под корупција! (ФОТО)

Под мотото „И воздухот е подлегнат под корупција!“ група ативисти на Широк Сокак во Битола изведоа герила-акција којашто се состои од визуелна претстава на лост на кој парите, корупцијата и…

Под мотото „И воздухот е подлегнат под корупција!“ група ативисти на Широк Сокак во Битола изведоа герила-акција којашто се состои од визуелна претстава на лост на кој парите, корупцијата и негрижата за животната средина се над интересите и здравјето на граѓаните.

Воедно, активистите во акцијата ја препеаја и познатата песна на Кочо Рацин „Денови“, којашто ги опишува маките на граѓаните соочени со овој проблем, меѓутоа и аздисаноста и алчноста на елитите кои за животно загрозувачките прашања на луѓето не се откажуваат од големите профити што го уништуваат нашето здравје и го прави нашиот живот потежок.

„Денови“

Како на вратот ѓердани,

Корупциски афери нерешени,

така и тешки тендери

легнале, та натежнале.

Тендери ли се тендери,

корупциски кражби големи.

Стани си утре подоцна,

дојди си вечер порано.

Наутро мито однеси,

навечер тендер донеси.

Ај загаден да е,

загаден  да би останал

воздухот митаџиски.

Роди се човек, рак фати,

роди се човек, од лошото умри.

Загаден воздух диши си

за други туѓи џебови,

за туѓи бели дворови,

затруј си бели дробови.

За себе само кради си,

за други болест донеси

Нижи си само тендери,

зацрни многу судбини.

Нижи за себе алтани

За други гајле не бери…

Ах пусти да е пусти останал,

Оној што зеде митото

оној што зеде митото

што судба наша зацрни…

Тендери ли се тендери

митаџиски маки големи!

 

 


Related Articles