Во Франција бројот на заболени од коронавирус е во постојан пораст

Во Франција бројот на заразени од новиот коронавирус постојано се зголемува. Досегашните извештаи ги потврдуваат двата нови смртни случаи како и 157 нови заболени од Ковид-19. Со ова бројот на…

Во Франција бројот на заразени од новиот коронавирус постојано се зголемува. Досегашните извештаи ги потврдуваат двата нови смртни случаи како и 157 нови заболени од Ковид-19. Со ова бројот на инфицирани во Франција од крајот на јануари до попладнево ја достигна бројката од 577. Досега девет лица починале како последица од коронавирусот.

Градоначалничката на Мулуз, Мишел Луц, каде епидемијата е присутна и стана едно од најголемите жаришта во Франција, одлучи да ги затвори музеите, музичкото училиште, библиотеките и сајмиштето. Околу Мулуз во Горна Рајна за 48 часа бројот на заразените се зголеми за осумпати.

Овие мерки не се во сила низ цела Франција, каде се забранети само настаните во затворени простории, каде бројот на посетителите е над 5000 лица.

Инаку 150 училишта во Франција се затворени, 45.000 ученици и 3.000 наставници се во домашен карантин.


Related Articles