Во Прилеп нема епидемија на лајшманиоза, но ќе има усмртување на заболените животни.

„Договорено е на средбата дека добро би било заболениите кучиња да се еутаназираат ииако станува збор за крајно непопуларна мерка се со цел да се спречи животното и понатаму да биде преносител на ова заболување“, вели Моника Талеска, советник за односи со јавност Општина Прилеп.

Болеста од куче на човек се пренесува преку инсект сличен на комарец. Станува збор за премногу тешка болест чии симптоми може да се манифестираат дури неколку недели или месеци после каснувањето. Токму поради тоа и често се случува луѓето да не знаат дека се заразени.

„Дури подоцна после неколку недели или месеци кога се јавуваат карактеристични знаци како анемија, слабо крвност, панцитопенија, паѓање на бројот на сите крвни елементи, понатаму зголемување на црниот дроб, слезината, зафаќање на внатрешните органи, дури тогаш се помислува на лајшманиоза“, истакна Татјана Станимировиќ, началник на одделение за епидемиологија во ЦЈЗ – Прилеп.

Од Центарот за јавно здравје истакнаа дека деновиве ќе започнат со воздушна дезинсекција како една од меркиите за спречување на ширење на болеста.

Инаку во Прилеп кај човек за прв пат лајшманиозата е регистрирана во 2007 година. Досега биле заболени 19 лица, од кои 3 починале.