Ќе ни се повтори ли 2019 кога имаше три смртни случаи од морбили и околу 2000 заразени? Нискиот опфат од 70 проценти на национално ниво и алармантниот од 40 проценти во Куманово аларм дека може да дојде до повторна епидемија од мали сипаници. И покрај фактот што има мало зголемување на вакцинирани годинава, тоа е далеку од сосдавање на колективен имунитет, анализира Сител.

-Кога ќе има доволно акумулирано осетливо население и кога ќе се појави импортиран случај, но во моментот немаме ендемска циркулација на мали сдипаници, внесување на импортиран случај во средина со невакцинирана популација, тогаш може да зборуваме за епидемија, вели с-р Кристина Ставридис, епидемиолог во ИЈЗ

Морбилите можат да предизвикаат сериозни компликации и затоа родителите не треба да се коцкаат со своите деца, предупредуваат лекарите.

Велат дека МРП вакцината не е поврзана со појавата на аутизам и спасува животи.

-Често пати може да сретнеме примери дека доктори посочуваат како вакцината не е безбедна и предизвикува аутизам, тоа не смее да се случи, вели д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести

-Јас кратко работев во примарната здравствена заштита и за тоа време имав пациенти меѓу кои 121 деца кои беа со нарушувања од аутистичен спектар и тоа на благи до тешки симптоми. Ниту едно не беше вакцинирано, вели примариус д-р Лилјана Којиќ од Клиника за детски болести.

Лекарите уверуваат дека МРП вакцината е ефикасна и обезбедува заштита од три болести – мали сипаници, рубеола и заразни заушки.

Минатата недела Министерството за здравство во Романија прогласи епидемија по појавата на 2000 случаи на морбили.

Прилогот на Сител погледнете го во продолжение: