Неопходно е да има универзален неонатален скрининг кај бебињата за навремено дијагностицирање и успешен третман на глувоста и оштетениот слух кај намладите, смета професор доктор Марина Давчева Чакар. Таа вели дека во моментов не подлегнуваат сите деца на скрининг, нешто што е клучно за рана дијагностика на оштетувањето на нивниот слух.

-На скрининг не подлегнуваат сите бебиња, и бебе нормално родено и бебе кое не е родено предвремено може да има глувост и тешко оштетување на слухот. Скринингот треба да биде универзален, не само за бебиња кои се родени или со висок ризик, туку да ги опфати сите деца од сите групи, изјави Давчева Чакар.

Во моментов 15 кохлеарни импланти се врагедени на пациенти на Клиниката за уво нос и грло, но сепак има и такви што се уште чекаат.

-Возраста е основен предуслов за бенефит од кохлеарната имплантација. Значи шестмесечно бебе веќе треба да ги прима звуците од околината, изјави Давчева Чакар.

Според досегашните искуства децата имплантирани пред 18 месечна возраст имаат шанси за побрзо развивање на комуникативните вештини.