Гувернерот на американска сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо вчера прогласи вонредна состојба поради растечкиот број пациенти инфицирани со новиот коронавирус.
Куомо потенцира дека со воведувањето на вонредна состојба ќе им се помогне на властите во Њујорк поефикасно да се борат против ширењето на Ковид-19.
Тој ја најави вонредната состојба откако бројот на инфицирани со новиот коронавирус во државата Њујорк се искачи на 76, а во истоимениот град беа потврдени 11 случаи.
Најпогоден дел од државата Њујорк е округот Вечестер, каде се регистрирани 57 пациенти.