Министерството за здравство на Молдавија синоќа пријави прв потврден случај на новиот коронавирус во земјата.

Ковид-19 е откриен кај жена која се вратила од Италија и таа е хоспитализирана.

– Лицето е доведено од аеродром… со пневмонија, акутни респираторни проблеми. Треска, кашлица и општа слабост, се наведува во соопштението на молдавското Министерството за здравство.