Со дефинирана вакцинација на новороденчињата, со дефиниран старт во Јануари 2019 година, со воведување на две нови вакцини, со дефинирање на почетокот на промените во календарот за имунизација на секое новороденче во Македонија, без комитет за имунизација, без кампања, без точни информации и објаснение за граѓаните кој од советот за имунизација ги предложил овие две вакцини, подетално да се образложи неговата побуда зад тој предлог, но со замена на старите вакцини со нови министерот за здравство, Венко Филипче денес се појави во градскиот парк во Скопје, каде со добредојде за присутните ја започна со одбележување неделата за имунизација во Македонија. Претходно наведените причини кои се предмет на размислување и согледување на сите родители кои се обратија во нашата редакција не беше предмет на разговор.

Официјално беше изјавено дека поради фармако-економските анализи кои покажуваат дека на овој начин ќе се заштедат финансии во буџетот на министерството, биле предложени и прифатени двете нови вакцини за пенумокок и рота вирусот. Дека тоа е од суштествено значење да бидат воведени, дека е потребно да граѓаните се вакцинираат и министерот воедно изрази и жалење дека македонскиот народ во последниот период само 60% од него се вакцинира. Со желба да се зголеми оваа бројка посочи дека е од битно и важно значење секој од нас да биде вакциниран за да имаме здрава нација.

Проследете ја официјалната изјава на министерот.

Но, народот се прашува дали на овој начин со официјални искази кои посочуваат една информација, подоцна пред нашата камера во изјава за неполни 10 минути се менува исказот и информацијата, се избегнуваат одредени податоци да се споделат со јавноста, како и зошто потоа се продолжува со задржување на информациите и без транспарентен процес се доаѓа до моментот на воведување на овие две нови вакцини?

Едноставно паднала одлука за воведување на пнеумокок и рота вирусот како задолжителни. Дали со недоволното информирање на граѓаните како и според кои анализи и согледувања било одлучено да се воведат двете нови вакцини не е јасно, кога од советот за имунизација се дадени како предлог, кога тоа било разгледувано, каде, како и зошто немало и нема никаква јавна дебата пред да се донесат граѓаните, новороденчињата, сегашните и идни родители пред свршен чин стеснети во ќош, со единствена опција да мора да го вакцинираат своето дете без при тоа да знаат зошто, што содржи таа вакцина и кој одлучил да децата на загрижените родители ширум Македонија ја примат таа вакцина?

Кога поставивме прашање според кои анализи и согледувања се воведувааат овие две вакцини го добивме следниот одговор:

Немаше јасно образложение кое го слушнаа насобраните присутни родители, зошто се прави замена или се додаваат нови вакцини, едноставно министерот посочи дека тоа е по препорака од светската здравствена организација, дека таа ги предложила овие вакцини да ги прифатат и вметнат во нивниот календар за имунизација, но не само за Македонија туку за сите земји во светот.

Јавноста и дел од присутните граѓани се запраша дали мора цело време да бидеме во тек со се што е модерно во светот, не е ли во ред за некои работи да се почека да се види каков ефект и индикации или контраиндикации би имало тоа што ни се препорачува ние да го прифатиме како држава, во рамките на здравствениот систем особено кога станува збор за најмладите, за новороденчињата и нивната имунизација.