Во текот на вчерашниот ден, министерството за здравство информира дека се вакцинирале вкупно 9 142 граѓани. Прва доза вакцини примиле 1 755 лица, а ревакцинирани се вкупно 150 775 граѓани. Заклучно со вчерашниот ден во Македонија се вакцинирале вкупно  249 187 граѓани, а аплицирани се вкупно 399 962 дози вакцини.

Според Минситерството за здравство, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а интересот за вакцинирање секојдневно се зголемува. Досега на платформата вакцинација.мк се пријавиле 443 374 граѓани.

Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.