Венко Филипче реши да го проширува кабинетот. Ќе троши околу 120 000 денари месечно за нивни плати, иако е нејасно зошто се потребни нови советници. Нејасно е дали не е

Министерството за здравство денеска го објави огласот за вработување на три  посебни советници во Кабинстот на министерот за здравство, на определено време.

1 Посебен советник во кабинет на министер за здравство за прашања поврзани со имплементација и креирање на здравствени политики и меѓународни проекти (3) извршители

Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС, правни науки, економски науки или политички науки
најмалку 5 години работно искуство во струката
знаење на англиски или друг светски јазик
работа со компјутер
ефективна орална и писмена комуникација
работа со компјутер
нето плата: од 35.000, 00 до 55.000, 00 денари
работни часови во неделата: 40, работно време од 08:30 до 1 6:30, работни денови: од понеделник до петок.

Како посебни услови за работата во Кабинетот се предвидуваат: работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон, заради извршување итни и неодложни работи.
Посебни советници во кабинет на министер ќе бидат вработени на определено време за период до истекот на мандатот на министерот.

Заинтересираните кандидати документите оригинали или заверени кај нотар ги доставуваат во архивата на Министерството за здравство или по пошта на адреса: Министерство за здравство ул. 50. Дивизија” бр. 14, Скопје со назнака: „За јавен оглас за Посебни советници во кабинет на министер”

Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во архивата нај доцна до денот на завршувањето на рокот на јавниот оглас.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
Јавниот оглас ќе трае 5 (пет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот во дневните весници. Пристигнатата документација ќе ја разгледува комисија составена од три члена формирана од министерот за здравство, во рок од три дена по завршувањето на јавниот оглас.