Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на својата официјална фејсбук страна објави пост преку кој посочи дека се уште македонските граѓани и здравствени работници се принудени да ги користат старите објекти со приправени простории наместо да имаме нова клиника по светски стандарди. Кредитот од ЕБРД за нов клинички го вратија, а сега сакаат да земат нов по неповолни услови и тоа за дезинфициенси, посочуваат од Комисијата.

– Наместо нова клиника по светски стандарди добивме реновирани и принаправени простории и повторно стара инфраструктура. Кредит од ЕБРД за нов клинички центар го вратија, а сега сакаат нов да земат по неповолни услови и за дезинфициенси. Да го направеа клиничкиот сега полесно ќе се справевме со короната.

– Но лицето на вистината има друга димензија, болна, разочарувачка.. Се додека личната промоција е ставена во функција на собирање политички поени, а партиските цели се издигнати над здравјето на граѓаните, ние нема да имаме здравствен систем и здравствени установи по светски стандарди, велат од Комисијата.