Според информациите кои ги соопштија дел од македонските медиуми, на инфективната клиника во Скопје хоспитализирани се четири лица заболени со делта сојот на Ковид-19. Станува збор за двајца пациенти од Скопје, еден од Кичево и еден од истокот на Македонија. Од министерството за здравство ја потврдија информацијата.

Делта сојот забрзано се шири низ Европа и светот, а според надлежните истиот станува доминантен. Како што посочуваат експертите делта сојот се шири помеѓу невакцинираните, а единствениот начин за заштита е било која вакцина која штити од тешка клиничка слика на болеста.

Светската здравствена организација посочи дека оваа варијанта на коронавирусот ги зафаќа претежно помладите, тие можат да поминат полесно, но загрижува фактот дека можат да го пренесат на повозрасните кои доколку не се вакцинирани можат да развијат тешка клиничка слика и да бидат хоспитализирани.

Во Македонија, но и во светот се планираат ковид сертификати со статусот за вакцини, како ограничувања за оние кои не сакаат да вакцинираат.