Министерот за здравство Венко Филипче и директорката на скопската Клиника за гинекологија денеска соопштија дека од почетокот на годинава во земјава се извршени 154 медикаментозни абортуси и 90 абортуси во стандардна оперативна процедура.

– Со измените во Законот волјата на жената ја ставивме на прво место. Кај 150 жени е избегната стандардната процедура и давањето на анастезијата што е една значајна придобивка бидејќи се избегнуваат сите ризици, истакна Филипче.

Државниот завод за статистика минатата недела објави дека во Македонија лани е евидентиран негативен природен прираст од 6724 луѓе. Во 2020 година сме имале 19 031 новороденчиња, а бројот на починати лица се искачил на 25 755 лица. Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 73,1 година, а во селските 73,6 години. Статистичките податоци покажале дека само во Скопскиот Регион се бележи позитивен природен прираст, а останатите региони бележат негативен природен прираст.