Интегрален текст од изјава на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Тендери од над 6 милиони и 700 илјади евра од здравството, има добиено градителот на овој објект, кој што е заеднички со семејството на министерот за здравство, Венко Филипче!

Оваа куќа во скопско Горно Нерези, во местото викано Рупе, соседите веќе ја викаат Касарната на Филипче. Дали е можно, институциите да немаат ништо видено сомнително, тоа што од 25 декември 2017-та кога Венко Филипче седна во министерското столче во министерството за здравство, вкупно 7 милиони евра од сметките на министерството за здравство и здравствените установи, завршиле на сметката на „Синерџи медикал“, компанија во сопственост на Горан Филипов, партнерот со кој што куќа гради Катерина Савевска, тештата на министерот за здравство.

Филипче уште и го потврдува тоа дека се познава со Филипов, ама не биле многу блиски пријатели. Па, колку блиски пријатели треба да бидат за министер да му даде 7 милиони евра државни тендери на човек со кој што гради заедничко здание на семејството на министерот на атрактивна локација во Скопје? Нема тендер, нема корупциски скандал, нема рекетарски скандал да не е вмешано името на Венко Филипче, нема криминал со кој што не е запознаен Зоран Заев!

7 милиони евра за две години и оваа „касарна“ на Водно се доволна причина за реакција на државните институции, доволен сомнеж за корупција, ова е последната исцицана капка пред излегувањето од министерството на Венко Филипче!

Токму затоа сега на ист таков шверцерско коруптивно рекетарски начин пред избори се турка закон кој што ќе им овозможи заштита и бегство од правда!

Почитувани,

Нема криминал, нема пораз или нема измама зад која не стои Заев и криминалниот клан. Затоа на 12-ти април тешко ќе бидат поразени. СДСМ и Зоран Заев никогаш повеќе!