Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, денеска преку својата фејсбук страна упати реакција до владејачката СДСМ во која посочуваат дека Д-р Игор Николов е докажан доктор во својата област кој има низа усовршувања во својата област како нефролог, но и во трансплантациите, така што спорењето за ваквите доктори е неосновано, токму заради фактот што истите се наоѓаат во првата линија на борбата против короната:

– СДСМ спори со доктори кои според нив се лицемери, не ја знаат медицината и слично. Прво, докторите за кои спори СДСМ се на првата линија во борбата против корона, конкретно работеле и дежурале на Клиниката за инфективни болести. Второ, докажани се во својата област, не само што Игор Николов е нефролог, туку има низа на усовршување во областа како и во трансплантациите, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

– Кадрите на СДСМ, како Венко Филипче не се ни обиделе да бидат на првата линија во борба против корона. Како министер, Македонија ја остави единствена земја без вакцини.

– А и останатите, кои пред се се директори не стануваат од своите фотељи и не излегуваат од своите канцеларии.
И сето ова затоа што СДСМ сака и ги дели докторите по партиска линија, а не дека истата ја има. Тоа се САМО доктори кои се грижат за здарвјето на граѓаните, се вели во реакцијата на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.