Податокот дека насилството во училиштата се зголемува, психолозите и социјолозите велат дека  е аларм за општеството. Тие велат дека одговорност треба да има и препорачуваат семејството и училиштето поактивно да се вклучат во воспитување на децата.

„Посебно треба да бидеме подготвени и да го оправдаме нашиот дигнитет за тоа како институциите, училиштата и другите образовни институции се справуваат со овој проблем, бидејќи многу е малку познато е неопходно да се изврши рана детекција. Рано познавање на првите облици на насилство кои понатаму го профилираат самото дете“, изјави Љупчо Кеверески, универзитетски професор.

„Работиме првенствено на превенција од меѓуврсничко насилство. Нашата најголема важност е да превенираме, но исто така и да извршиме идентификација односно воочување доколку постои меѓуврсничко насилство.“, изјави Аница Златевска, психолог.

Психолозите велат дека е зголемено сајбер насилството кај учениците и препорачуваат технологијата да се користи за позитивни цели, а не да се користи за вршење на насилство. Се соочуваат со најразлични случаеви:

„Објавување на фотографии, објавување на видео снимки, пораки со негативна содржина, навредување, со омаловажување. Тоа се случува најчесто кога децата не се во личен контакт. Но, кога тие ќе се видат, кога ќе имаат непосреден контакт тоа насилство може да премине и во физичко насилство или психичко насилство помеѓу врсниците“, додаде Аница Златевска.

Kај децата големо влијание имаат медиумите и социјалните мрежи и постои проблем како да се разликуваат реалноста од фантазијата.

Минатата година биле регистрирани биле 976 жртви, од кои 2/3 биле жени, а повеќе од 90 деца.