Поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот министер Фатмир Меџити денеска ќе бидат сослушани пред Анктната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија.

Претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи најави дека денеска прв ќе одговара Филипче, и оти потоа ќе зборува Меџити.

Досега пред Анкетната комисија, која треба да утврди политичка одговорност за скандалот со терапијата на Онкологија, зборуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот министер за здравство Беким Сали.

За скандалот на Онкологија Јавното обвинителство се уште води истрага, а повремено протести организираат групи пациенти и членови на семејствата на починати од рак.