Директорката на кожна клиника со корона вирус ќе биде разрешена, околу 200 луѓе во домашна изолација

Двајца членови на семејството на заболената докторка се во домашна изолација, а по интервјуирањето на сите вработени во Клиниката за кожни болести, во 14-дневна домашна изолација се ставени 64 вработени,…

Двајца членови на семејството на заболената докторка се во домашна изолација, а по интервјуирањето на сите вработени во Клиниката за кожни болести, во 14-дневна домашна изолација се ставени 64 вработени, 11 пациенти кои биле хоспитализирани и 13 пациенти кои се лекувале во дневната болница во клиниката, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција. Сите се со различен степен на ризик. Клиниката за кожни болести е затворена.

Докторката исто така викендов присуствувала на семинар во скопски ресторан и сите со кои контактирала таму се контактирани телефонски и се ставени во домашна изолација. На семинарот имало и тројца гости од Грција за што е известено министерството за здравство во Грција за нивните идентитет.

Салата када што се одржувал семинарот е исчистена и дезинфицирана, а истото ќе биде направено денеска и утре на Клиниката каде што докторката одела на работа иако била заболена од вирусот.

Филипче на прес конференцијата потенцираше дека и покрај тоа што предвреме алармираа и спроведоа мерки на претпазливост, ова со што се соочија денеска навистина многу ги разочара.

-„Сега е предизборен период, не може да се разрешува, но таа ќе биде разрешена. Целата клиника ќе биде затворена 14 дена, но одговорност ќе има за апсолутно секој кој нема да се придржува до пропишаните мерки.“ -рече Филипче.

Тој напомена до сите граѓани кои патувале во ризичните места да бидат во домашна изолација.

-„Во овој момент уште 8 пациенти се испитуваат. Со симптоми се испитува пациент од Бугарија и неговата сопруга, еден патник од Сингапур, наш државјанин, 4 луѓе кои биле во контакт со пациентите од Дебар и еден од Гевгелија, за овие лица се чекаат резултати.“- рече Филипче.


Related Articles