На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести неофицијално комисијата и Владата донеле одлуки во врска со коронавирусот во Македонија.
При тоа заклучено е од утре до 24 март да се затворат сите училишта и градинки.
-Комисијата за заразни болести ги заострува мерките и ги упатува сите основни, средни и високо образовни институции како и детските градинки да запрат со одвивање на наставно- воспитниот процес во тек на наредните 14 дена.
-Се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на РМ, а спортските настани да се одвиваат без публика.
Инаку оваа мерка се очекува министерот за здравство да ја потврди на прес-конференција во 14 часот во Владата на Македонија.