Жената вчера била примена на одделот за итни случаи во болницата „Пирогов“ во Софија со тешка пневмонија, а денеска попладне починала, пренесоа бугарските медиуми. Таа беше шестиот Бугарин со потврдена инфекција со коронавирус.
И покрај извршените интензивни реанимациски мерки лекарите не успеале да го спасат нејзиниот живот.
Екипа на болницата и натаму се бори за животот на 74-годишен маж, кој исто така има позитивен тест на коронавирус.
Бугарија пред само три дена ги соопшти своите први четири потврдени случаи на коронавирус.
И Ирска денеска ја пријави првата смрт од коронавирусот во земјата.
Пациентот, за кој се вели дека бил постар, починал на истокот на републиката, каде што бил лекуван последниве денови откако првично се пријавил со респираторни симптоми.
Ирска до денес има 34 потврдени случаи.