Светската здравствена организација објавила дека болести како рак и дијабетес стануваат посмртоносни од заразните болести. Извештајот кој го објавила СЗО испитува смртни случаи од незаразни болести на срце и бели дробови и болести како рак и дијабетес. Според извештајот, од рак, дијабетес и хронични респираторни болести на годишно ниво умираат околу 41 милиони луѓе.

Освен тоа, 17 милиони луѓе помлади од 70 години починале во 2019 година од последици поврзани со незаразни болести. Околу 86 проценти од смртните случаи се регистрирани во земјите со ниски или средни приходи. Во извештајот се наведува дека смртните случаи предизвикани од незаразни болести се побројни од оние предизвикани од заразни болести.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, посочил дека постојат поефтини методи кои можат да се применат во целиот свет, за превенција од заразните болети. Тој предупредил дека таквите болести можат да станат најголема закана на векот ако не се превземат мерки на претпазливост.