Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците излезе со најоптимистичка порака по завршувањето на лидерската средба во Владата.
„Оваа ситуација ќе помине како и сите други. Ова е нов вирус, но последиците од овој вирус не се различни од оние во минатите години на сезонските грипови. Секогаш како последица на сезонски грипови во болница завршуваат хронично болни лица, бидејќи им се комплицира состојбата“, изјави Села и ги повика фармацевтските компании да не прават злоупотреби во однос на зголемувањето на цените за да направат профит.
Сепак, посочи тој, постои проблем во однос на менаџирањето на здравствениот систем.
„Се додека се соочуваме со недостиг од маски и дезфициенси, се е тоа проблем на здравствениот систем. Значи ние имаме кадри, ама здравствениот систем не е менаџиран како што треба. Со Таравари почнаа работите да одат на позитивен пат, но оттогаш не гледам дека нешто оди во подобра насока“, рече тој.