Европа е сега „епицентарот“ на глобалната пандемија на коронавирус, изјави шефот на Светската здравствена организација, д- р Тедрос Атханом. Тој ги повика земјите да преземат агресивни мерки, да ја мобилизираат заедницата за да спасат животи.
„Европа сега стана епицентарот на пандемијата, со повеќе пријавени случаи и смртни случаи од останатиот свет, освен Кина. Сега повеќе случаи се пријавуваат секој ден отколку што имаше во Кина во екот на епидемијата“.рече тој.
Денеска Шпанија објави дека починале 120 лица, а бројот на заразени се искачи на 4200. Премиерот на Шпанија прогласи вонредна состојба во наредните две недели.
„Неколку многу тешки недели се пред нас. Победата зависи од секој еден од нас. Херојството е за миење на рацете и останување дома“рече шпнаскиот премиер Санчез.