Утре и задутре во две скопски градинки, лекари ќе држат предавања за вакцините, нивните бенефити и заштитата на здравјето на децата. ова е дел од активностите во Неделата за имунизација, но и дел од кампањата што ја најавија здравствените власти за подигнување на опфатот за вакцинирање. Од друга страна, тимовите на терен, според насоките од Министерството за здравство, ги проверуваат сите вакцинални картони и имаат за задача да ги вакцинираат децата што не примиле ниту една вакцина. Посебен акцент ќе стават на вакцината МРП поради лошата состојба со морбили во соседните земји и опасноста многу брзо епидемијата да стигне и во нашата земја.

Од друга страна, лекари кои работат во пунктови за имунизација реагираат на неусогласеноста на првите луѓе во Министерството за здравство. Министерот кажува едно, заменикот сосема друго, што дополнително споре длекарите ги збунува родителите.