Пишман и сега ќе се вакцинираме, сега нема, можеби ќе бидат задолжителни вакцините, можеби не, конфузија, некоориднираност во редовите на министерството за здравство, никој не знае што се случува во здравствениот хаос во државата.

Министерот даде изјава дека вакцината ќе биде услов за запишување во градника или во училиште, изјавата беше дадена само што изјавија од министерството дека воведуваат две нови вакцини во календарот за имунизација на сите бебиња ширум републикава. Потоа следеше изјава од министерот за образование, реагираа граѓаните дека неможе да се спори правото на децата да одат во училиште, според закон тоа им е загарантирано право. За да денес слушнеме изјава дека не е точно, никој не може да ги уценува родителите и децата секој родител има право да одлучува за неговото дете дали ќе прими некоја вакцина или не и при тоа само од министерството изразија желба што повеќе граѓани да се вакцинираат така се чува целото општество. Се е тоа во ред сега за крај како мисла ама многу доцна ви текна, прво излегоа сите оние работи што бескрупулозно ги мислите и им ги пласирате на граѓаните, очекувајќи со сила да доминирате и да им ги наметнувате условувајќи ги, заплашувајќи ги, тоа што вие го посакувате или очекувате да ве послушаат граѓаните, народот.

Со самото воведување на поимот демократија и давање на народот право да се изјасни за работите кои го засегаат него или неговите деца, да има право да избере, да одлучи да не се согласува со вашето мислење кое го наметнувате, едноставно да има став по прашањата кои го засегаат, народот ја користи демократијата како алат и го гледаме тоа што се случува а вам не ви се допаѓа.

Сега кога народот тоа го прави ја користи демократијата, слободата на говор, одеднаш ви смета зошто народот збори за теми кои не одговараат, поставува прашања кои не ви се допаѓаат или одговара на прашања со свои лични ставови кои едноставно не се поклопуваат со тоа што вие го нудите во однос на здравството или пробувате да го протнете на мала врата. извинете ама народот е во право, тој е крајниот корисник и има право да има свој став и да го искаже.

Граѓаните го кажаа своето во нашата анкета колку се информирани и знаат за вакцините кои се воведени, колку се заложиле од министерството за да им објаснат и едноставно ја пренесуваат во целост хаотичната слика на нашиот здравствен систем и начинот на негово менаџирање.

Законот за заштита на населението од заразани болести, посочува дека вакцинацијата е задолжителна, а доколку родителот не го вакцинира детето, подлежи и на казни. Но од друга страна според уставот детето не може да биде исклучено од образовниот систем, дури и ако не е вакцинирано.

Министерот Филипче на брифинг со новинарите рече дека ќе бараат усогласување на законите за вакцината да биде услов за упис во училиштата и градинките, а при тоа самиот незнаеше да објасни од каде предлогот и според кои анализи и калкулации се воведуваат новите две вакцини, како и зошто од МОН реагираа дека ниту едно дете не може да остане надвор од образовниот систем, бидејќи тоа со устав е гарантирано.

Погледнете ја изјавата од министерот на прашања посветени на вакцините, неговото стручно мислење кое го сподели со јавноста, одговорот како гледа на воведувањето на вакцините и дали тоа е само поради фармако-економската анализа дека остануват повеќе средства во буџетот или дел од тоа лежи во прикривање на незнаењето кога вакцината точно ќе биде вметната во самиот календар на имунизација и тоа не само од страна на министерот туку и од страна на неговите советници, бидејќи никој точно незнаеше да ни одговори на прашањето.

Може по сите реакции и Филипче да ги ублажи ставовите и да го смени мислењето, како и да се дообјасни дека вакцината може да биде индивидуален избор, а дека тој како министер преку едукативни кампањи и советувања ќе се обиде да го зголеми опфатот на имунизација. Може ставот да се смени уште неколку пати, но сепак на крај останува хаосот кој се создава и кој го пренесуваат лекарите со кои разговаравме. Здравството е на колена, лекарите потценети, пациентите оставени сами на себе, народот по пат на условувања и присилба се убедува дека треба нешто да прифати.

Ќе има ли наскоро расчистување на овој темен облак над македонското здравство и здравствениот систем, народот само може да се надева, да очекува подобро утре, повеќе лекови, поголеми квоти во месецот, вакцини кои ќе бидат промислени пред да бидат воведени и пред се дека некој ќе се погрижи народот да биде информиран за сето тоа, да знае дека некој го мисли него, обичниот човек.

Останува да пре“живееме“ до тогаш, зошто народот се сеќава и памети, ама ваков хаос до сега нема видено!