Со сите саеми одржани од работодавци во Германија кои имаат побарување од медицински персонал, кои се појавија периодов, болниците неможе да кренат глава и да го обезбедат минимумот на потребни вработени за да нормално функционираат.

 

Една таква болница е „Козле“ која се соочува со недостиг на медицински кадар, персонал. Во моментот болницата има потреба од педијатри, лаборанти, медицински техничари како и друг кадар за кој веќе имаат доставено барање во министерството за здравство.

Работата не е целосно завршена бидејќи во моментот министерството за финансии одлучува кој, каде и колку медицински персонал ќе се вработи, во меѓу периодот додека да пристигне одобрувањето нека се стрпат најмладите или нека времето постигне некаква константа, да се минимизира потребата од оваа здравствена институција бидејќи само на тој начин ќе има доволно време да се одлучи и елаборира по прашањето медицински персонал, дали недостасува и кога ќе се вработи нов?