Министерот за здравство Венко Филипче во Софија каде ќе се одржи неформална средба со министрите за здравство од Европска унија.

Ова е од особена важност за министерот Филипче, бидејќи на ова и слични вакви средби ќе може да добие совет за добри практики во земјите на ЕУ во областа на здравството кои секако би биле или ќе бидат од голема важност за нашата земја.

 

Бугарија како земја домаќин и претседавач со Советот на ЕУ ја организира оваа средба која вклучува дискусија за здрава исхрана за децата – здрава иднина на Европа и здравјето како вистински победник: ефикасност, достапност и пристапност на лековите, посочуваат од Министерството.

Министерот за здравство на Бугарија, Ананиев истакна дека лошата исхрана и слабата физичка активност се најголеми ризик фактори кои придонесуваат за зголемена телесна тежина и дебелина во Европа. Европскиот регион е погоден од незаразни болести како дијабетес тип 2, хипертензија и кардиоваскуларни заболувања кои се директно поврзани со лоша исхрана и физичка неактивност.

Жоао Бреда од Европската канцеларија на СЗО за превенција и контрола на незаразните болести, ја презентирал регулативата која вклучува обврска за етикетирање на алкохолните пијалаци, односно обезбедување листа на состојки и нутритивните вредности на нив, со што ќе им се овозможи на потрошувачите да имаат информирани избори за продуктите кои ги купуваат.

Во секој случај покрај сите информации кои може да се добијат на ваквите средби и министерот Филипче ќе успее да добие најверојатно корисни информации кои ќе му помогнат во иднина на него во донесувањето одлуки во нашето министерство за здравство за здрава исхрана и безбедност на храната.

На средбите ќе бидат разменети мислења за иднината на здравствената заштита во Европа, можноста на Република Македонија како земја членка кандидат во Европска унија да соработува со земјите членки во ЕУ во делот на едукација, спречување и контрола на незаразни болести поврзани со исхраната во целиот европски регион и подобрување на политиките за лекови усогласувајќи ги со европските политики, информираат од Министерството за здравство