Во текот на денешниот ден додека министерот за здравство Венко Филипче и Зоран Заев, се појавија во клиниката за Пластична хирургија и ги промовираа „најдобрите работни услуги“ кои што тие ги обезбедиле за пациентите, болните и за граѓаните на Македонија, сите прескокнаа и заборавија една работа, влезот во клиниката.

Местото кое треба да биде отворено, обезбедено и сигурно за влез и излез од клиниката, а во меѓувреме и да обезбедува сугурен и безбеден транзит и на сите оние пациенти кои поминуваат низ или во непосредна близина на оваа клиника, не е безбедно, не е средено, оставено е така, заборавено и чека да дојде на ред. Во моментот имаше приоритет сликањето и давањето изјави на министерот Филипче и Зоран Заев бидејќи тие се власта и тие требаше да и посочат на јавноста дека се е во ред и ТИЕ најмногу се грижат за граѓаните и пациентите, а при тоа никој да не погледне или да спомене дека влезот во клиниката е ПАРТАЛ.

Токму поради тоа и нашата обврска се да биде транспарентно и јавно покажано ние ви ја носиме и оваа вест, ви го посочуваме влезот во клиниката за пластична хирургија каков беше во моментот додека премиерот и министерот се насмевнуваа на објективите и посочуваа пред камерите дека во нашата држава само ТИЕ се грижат и тие обезбедуваат се да биде како што треба.

Еве каква е вистинската слика на тоа што тие како власт го обезбедуваат и на кој начин се грижат за целиот клинички, а исто толку и за пациентите и граѓаните на Македонија. Освен клиниката за пластична хирургија што тоне во непристапност и е запуштена, малку подолу и целиот сет на клиники за хирургија се гуши во ѓубре и смет. Но, ништо од ова не е причина за грижа на министерот и премиерот, кај нив се е „најдобро“, „најквалитетно“, „на ниво“. Погледнете ги подолу сликите и видете го нивото на оваа власт, влада и министерството за здравство, погледнете ја вистинската слика!

Јавноста ги согледува проѕирните лаги кои ги сервира оваа власт, тоа така не ви поминува! Оценката од народот ви е НЕДОВОЛЕН 1.