Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти. Од нив 17 се од Скопје, 9 од Куманово, 12 од Прилеп, 3 од Тетово, 12 од Струга, 9 од Охрид, 1 од Гостивар, 1 од Кичево.

Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7. Досега во земјата се направени вкупно 19241 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.