Во Италија во последните 24 часа починале 345 лица, a заразени се над 26 000

Во Италија, во последните 24 часа починале 345 луѓе, а 3526 биле ново заразени со коронавирус. Тоа е повеќе од вчерашната бројка кога имаше 3233 новозаразени. Вкупниот број заразени во…

Во Италија, во последните 24 часа починале 345 луѓе, а 3526 биле ново заразени со коронавирус. Тоа е повеќе од вчерашната бројка кога имаше 3233 новозаразени.

Вкупниот број заразени во Италија изнесува 31 506, а во моментов се заразени 26 062.

Во проценти, бројот на заразени лица се зголемил за 12,6 проценти, што е сепак малку помалку од вчерашните 13,1 процент. Бројот на смртни случаи, пак, се зголемил за 16 проценти, додека вчера беше 19,3 проценти, што сè уште може да зборува во прилог на забавување на епидемијата во Италија.

Од вкупниот број на заразени случаи, хоспитализирани се 12 894 пациенти, а од нив 2060 биле на интензивна нега.


Related Articles