Во Белгија 462 нови заболени, уште шестнаесет починати

Белгиските здравствени власти соопштија дека во последните 24 часа во земјата се потврдени уште 462 случаи на заразени од коронавирусот, јави дописничката на МИА. Вкупниот број на заразени сега изнесува…

Белгиските здравствени власти соопштија дека во последните 24 часа во земјата се потврдени уште 462 случаи на заразени од коронавирусот, јави дописничката на МИА.

Вкупниот број на заразени сега изнесува 2.257 случаи, а вкупниот број починати е 37, од кои шестнаесет во последните 24 часа. Најголемиот број е во Фландрија, со 302 нови случаи, а најмал во Брисел, со 43 нови случаи.

Моментално 837 лица се хоспитализирани, 164 се на интензивна нега, а 204 се пуштени од болница.

Властите потсетуваат дека “повеќето случаи на зараза не водат до симптоми“, но дека вирусот циркулира широко во земјата.

Што се однесува до болничките капацитети, Белгија засега не ги надминува своите капацитети. На располагање има 1.900 кревети со систем за вентилација, но постои план за двојно зголемување на бројката доколку биде потребно.

Здравствените работници очекуваат зголемување на бројот на заболени овој викенд


Related Articles