Не сакаме да предизвикаме паника, туку бараме реално решение за туристичките агенции, бидејќи овој сектор е веќе во колапс, велат од Стопанската комора за турзам на Македонија.
Според нив сите патници кои уплатиле патување и не е реализирано поради моменталната пандемија од вирусот COVID-19, да добијат ваучер кој ќе е во времетрање од една година а од Владата да го субвенционираат авионскиот превоз доколку бил вклучен во аранжманот.
-Како Комора сметаме дека најдоброто решение за сите нас, Туристичките агенции да издададат ваучер на сите корисници на услуги со кои имаме Договор и да го искористат во текот на 12 месеци. Она што нам ќе ни биде од особено значење Владата во кризните мерки да го вклучи и субвенционираните авионски билети во кои биле предвидени во аранжманите, потенцираат од СКТМ.
Поддршка за ваквото решение тие го очекуваат од Владата поточно од Министерство за економија и Министерство за финансии со кои усно е разговарано, но исто така е потребно разбирање од корисниците.
-Доколку не наидеме на разбирање од сите страни дефинитивно сме приморани да ставиме клуч на врата. Препорачуваме до завршување на периодот на вонредната состојба и одлуките на Владата во услови на криза, корисниците на услуги да се воздржат од откажување на Договорите за патување и услуги кои треба да се реализираат во наредниот период, како и барања за исплата на побарувањата по основ на откажување. Веруваме во разбирањето на клиентите и мерките кои во интерес на сите нас да ги донесе Владата, додаваат од СКТМ.
Во Стопанската Комора за Туризам на Македонија –СКТМ, членуваат правни субјекти од секторите туристички агенции и туроператори, хотелско-угосителски објекти, патничкиот превоз, туристички водичи и придружници, како и сектор на образовни институции и асоцијации од туризмот.