Нема информации за македонски државјани кои се обратиле за помош во дипломатско – конзуларните претставништва во Грција, како засегнати од пожарите кои ја зафатија Атина, се огласија од македонското министерство за надворешни работи. Од таму додаваат се уште се комуницира и со институциите од регионот на Атина, но и со засегнатите служби.

  • Ги информираме граѓаните дека засега македонски државјани не се обратиле за помош во нашето Дипломатско конзуларно претставништво Атина. Поради пожарите во Грција е прогласена вонредна состојба. Воедно, информираме дека контакт телефонот на Дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во Атина е 0030 694 474 3071“, велат од МНР.

Македонија може да помогне во справувањето со огнената стихија во Грција со два ер трактори кои имаат капацитет од 3.000 литри. Македонската Влада веќе контактирала со официјална Атина, а од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека кога Грција ќе побара, воздухопловите веднаш може да тргнат.

Според директорот Аднан Џафероски морала да се запази процедурата за испраќањето и потребни биле посебни дозволи за летање во друга држава, но би сториле се за да се помогне.

Поради шумските пожари кои избувна во западниот и источниот крај на Атина по високите температури, Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и се врати во земјата, при што побара помош од Европската Унија и војската.

Во меѓувреме, пожарникарите соопштија дека постојано растел бројот на жртвите.