Министерството за труд и социјална политика потестува на законската обврска за компаниите, посочувајќи дека треба да им исплатат празнична дневница на оние што ќе работат за 1 Мај.

„Работниците кои работат на ден на празник определен со закон, согласно Законот за работните односи, имаат право на надоместок на плата и додаток на плата. Согласно Законот, работодавачот е должен за работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот државен инспекторат за труд“, велат од МТСП.

Секое прекршување на регулативата, работниците можат да го пријават во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31 или на адреса на е-пошта poplaki@dit.gov.mk