За бројни системски грешки при третманот на починатата од корона вирусот, сведочат нејзините блиски. Лекарската помош за неа, дошла предоцна и токму затоа пациентката го изгубила својот живот.
Како што сведочат блиските на 57 годишната Гордана Димитриевска од Куманово, која е прв починат од коронавирусот во земјава, таа била во изолација затоа што нејзиниот син се вратил од Италија и веројатно тој и го пренел вирусот.
-Ситуацијата и беше влошена и наместо да ја хоспитализираат, седум дена ја лечеа преку телефон иако ги имаше сите симптоми на вирусот. Ја земаа во болница пред 4 дена и потоа почина. Се соммеваме дека воопшто претходно ја тестирале за да кријат случаи. Симптоматично е што Филипче сега кажува дека тестовите биле прво негативни па дури откако починала станале позитивни. Таа беше болна со сите симптоми веќе подолго време, сведочи блиско лице до починатата кое сака да остане анонимно.
Смртта на 57 годишната Гордана, која е прв регистриран смртен случај од корона во Македонија, денес ја обзнани министерот Венко Филипче.
-За жал, го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот кој посмртно во Куманово беше дијагностициран доцна синоќа. Се работи за жена која што имала 57 години. Во однос на приемот и третманот сакам да кажам дека колегите постапиле согласно протоколот за изолација, навремено се земени два теста и двата теста иницијални покажеле негативен резултат. Но, и покрај негативните резултати заради тоа што болеста била типично за коронавирусот таа била третирана во изолација. Тој период на хоспитализација траел изминатата недела во Општата болница во Куманово, а брис е повторно земен после констатација на смртта во текот на вчерашниот ден вчера и тој бил позитивен, рече министерот за здравство на денешната прес-конференција.