Луѓето кои се излекувани од новиот коронавирус можат да останат носители на Ковид-19 и треба да бидат повторно тестирани, изјави вирусологот и директор на Научно-истражувачкиот центар во францускиот град Бесанкон, Филип Хумбер.
-Може да се излекувате од вирусот, но се уште да го имате во носната шуплина и на тој начин да го ширите. Тоа се случува кај носителите на хепатитис Б и Ц. Ова значи дека може да имате антитела против вирусот, но во исто време и самиот вирус, истакна Хумбер на брифинг на Асоцијацијата на странски дописници на ОН во Женева.
Според последните податоци на Светската здравствена организација, досега во светот има над 22.000 починати лица од новиот коронавирус.