Што е карантин ?

Карантин значи да се одбегнуваат секакви социјални ситуации и контакти со други луѓе колку што е тоа возможно и да останете во својот дом.

Можете да излегувате на прошетка, трчање, возење велосипед, но сам и по секоја цена да одбегнувате близок контакт со други лица.

Другите членови од домаќинството не треба да ги ограничуваат своите редовни активности освен ако не им е поинаку кажано.

Кога има потреба од карантин ?

Ако се чувствувате здраво а сте имале близок контакт со лице за кое е потврдено дека е инфицирано.

Ако сте патувале во земјите со среден и висок ризик од коронавирусот.

Зошто карантин ?

За да се спречи ширењето и инфицирањето на ново луѓе со коронавирусот.

Што НЕ треба да правите кога сте во карантин !

Не одете на училиште, факултет, работа.
Не одете на состаноци, социјални собири, групни настани или преполни места.
Не повикувајте гости во вашиот дом.
Не одете на паѕарување. Нарачајте ги вашите производи преку интернет или нека ви ги достави некој член од семејството/пријател.
Не контактирајте со постари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени.
Не патувајте.
Што е самоизолација ?

Самоизолација значи да се остане во затворено и целосно да се избегне контакт со други луѓе.

Голем број луѓе развиваат благи симптоми кои се појавуваат за неколку недели, но и покрај тоа можете да го ширите вирусот на други.

Кога има потреба од самоизолација ?

Кога имате симптоми на коронавирусот.
Пред да се тестирате за коронавирусот.
Додека го чекате резултатот од тестот.
Ако сте имале позитивен резултат од тестот.
Ако сте патувале во земјите со висок и среден ризик (треба да останете во изолација 14 дена).
Ако имате некој од симптомите веднаш повикајте лекар, не одете вие на лекар.

Кога да престанете со самоизолација ?

Ако ги исполнувате следните два услова:

Ако немате температура подолго од 5 дена.
Кога ќе поминат 14 дена од појавата на првите симптоми.
Што треба да правите кога сте во самоизолација ?

Седете дома, во посебна соба и редовно проветрувајте.
Одбегнувајте контакт со другите членови на домаќинството или при комуникација одржувајте растојание од минимум 2 метра.
Задолжително носете заштитна маска.
Користете посебна бања и тоалет. Или користете го последен и потоа темелно исчистете.
Следете ги симптомите и повикајте доктор доколку ви се влоши ситуацијата (самопроверка на температурата најмалку двапати дневно ). Јавете се во Службата „Ало, докторе”
Повикајте го вашиот доктор, не одете вие кај него.
Покривајте се додека кашлате, кивате со хартиено шамиче и веднаш фрлете го во кошница за отпадоци и измијте ги рацете.
Чистете ги рацете правилни и често.
Користете сопствен пешкир/крпа, прибор, постелнина,чаши – не споделувајте со други.
Чистете ја секојдневно просторијата во која седите со средство за домаќинство или средство за дезинфекција.
Редовно користење на средства за дезинфекција на база на алкохол и хлор.
Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.
Што не треба да правите кога сте во самоизолација ?

Не одете на училиште, факултет, работа, состаноци, социјални собири, групни настани.
Не споделувајте ги вашите работи со други.
Не повикувајте гости во вашиот дом.
Не користете јавен превоз.
Не пазарете. Нарачајте ги вашите производи преку интернет или нека ви ги достави некој член од семејството или пријател.
Не контактирајте со постари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени.