Институтот за белодробни заболувања на деца Козле ги полни последните капацитети. Се повеќе дечиња се третираат во болницата, а во моментов се хоспитализирани 40 пациенти. Доктор Мирјана Поповска, специјалист-педијатар за јавноста изјави дека децата кои се хоспитализираат се со потешка клиничка слика која се манифестира со фебрилност, интензивна кашлица, глад за воздух, и пад на сатурација.

Дечињата кои во периодов се лекуваат во болницата се соочуваат со пневмонии и потешки бринхоопструкции, има и новороденчиња, но повеќето од нив се на школска возраст. Она кое е заедничко за повеќето од нив е тоа што членовите на нивните семејства биле позитивни на Ковид-19.

Институтот за јавно здравје-Скопје досега во својата статистика има регистрирано 2254 деца заболени од ковид-19 до девет годишна возраст.