Вкупно 39 населени места во Турција се во карантин поради коронавирусот

Вкупно 39 населени места во 18 окрузи во Турција се ставени во карантин денеска од 15 часот по локално време, како дел од мерките за борба против ширењето на коронавирусот,…

Вкупно 39 населени места во 18 окрузи во Турција се ставени во карантин денеска од 15 часот по локално време, како дел од мерките за борба против ширењето на коронавирусот, јави агенцијата Анадолија, повикувајќи се на соопштение на Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за еден мал град, шест населби, 28 села и четири многу мали села со неколку куќи.

Вкупниот број на заразени коронавирусот во Турција е 9.217, а досега починаа 13 лица.

Во саботата, Турција ги стопира меѓуградските возови и ги ограничи домашните летови во обид да го запре ширењето на коронавирусот. Најголемата опозициска Народна републиканска партија повикува и на забрана за излегување од дома.


Related Articles