Конјуктивитис може да биде симптом на заразата со коронавирус

Американското друштво на офталмолози ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјуктивитис, познат како „црвено око“, кај некои пациенти може да укажува на ран знак на…

Американското друштво на офталмолози ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјуктивитис, познат како „црвено око“, кај некои пациенти може да укажува на ран знак на зараза со коронавирус.

Тие исто така им препорачуваат на своите колеги да се заштитат кога прегледуваат пациенти со воспаление на очите, а имаат и температура и респираторни проблеми.

Офталмолозите се повикуваат на две кинески студии спроведени на пациенти хоспитализирани поради коронавирус. Во првата е пронајден вирален конјуктивитис во просек на секој триесети пациент, а во втората на секој дванаесети.

Неодамна француските, британските и американските оториноларинголози предупредија дека симптомот може да биде и аносмија – губење на мирис.

Во Германија тоа е востановено просечно кај дури двајца од тројца пациенти. Во Јужна Кореја, каде тестирањето беше најраспространето, овој симптом бил кај 30 проценти од заболените.

Три главни симптоми на заразата со коронавирус се покачена температура, сува кашлица и губење на здив. Спротивно од симптомите на грип кои настапуваат нагло, симптомите на Ковид-19 во раната фаза се развиваат со денови.

Некои лекари меѓу раните симптоми детектирале и болка во грлото и гастроинтестинални проблеми.


Related Articles