Колумна на Ѓорги Илиевски: НЕМАЊЕ ОБРАЗОВНА СТРАТЕГИЈА

Со корона вирусот (КОВИД19) се соочува целиот глобален свет. Ова здравствена чума зема и ќе зема невини животи. Затоа неминовно треба да се почитуваат препораките  на СЗО и здравствените стручни…

Со корона вирусот (КОВИД19) се соочува целиот глобален свет. Ова здравствена чума зема и ќе зема невини животи. Затоа неминовно треба да се почитуваат препораките  на СЗО и здравствените стручни авторитети. Поради ова македонското општество прогласи вонредна состојба. Со единствена цел да се бориме со овој невиден непријател. Живееме вонредно со затворени училишта, факултети, ограничености на движење со една единствена цел спас на секој живот. Во ова ситуација треба да бидеме свесни и совесни. Кој е од наш заеднички интерес. Во една ваква епидемиска состојба се откриваат нашите општествени проблеми  во здравството, стопанството, економијата и други дејности односно  колку сме вложувале во приоритетите да дејсвуваме и работиме во вакви вонредни состојби. Овде посебно мислам на образованието на сите степени.

Имено, кога сите наши балкански земји ja применуваат On line наставата односно далечинското учење (дома) со сите интернет алатки да се приближи наставата и наставните содржини до учениците. Нашето  Министерство за образование и наука, и „неговите советници“  од МОН, како и советниците на Бирото за развој на образованието (на почетокот) не размислуваат за  on lajn настава како можна опција, туку нивната опција е учење преку телевизија со едукативни содржини што ќе се емитуваат само на телевизија. Па потоа на 23 март министерот за образование и наука да истакне дека по предлог на Министерството за образование и наука, Владата донела уредба за наставата во сите степени-основно, средно и високо образование да се изведува On line, односно далечинско учење од дома. Со примена на средства за електронска комуникација. Со што секоја институција ќе одлучува за формата, а наставникот може да изврши оценување на учениците. Можат да се спроведат испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и  оценување на знаењето на ученикот. И таа платформа ќе ја подготви Бирото за развој на образованието во соработка со УНИЦЕФ.

Значи, мои читатели и родители. Пред да се подготви таа платформа за наставните содржини, видео лекции (кои треба да бидат 15 минути!?) со нарација и објаснување на наставникот…за една наставна тема ќе има една лекција. Таа платформа ќе се надоплнува секојдневно. Па така, по донесените заклучоци на Владата за време траењето на вонредната состојба и изготвеното Упатсво за наставниците за начинот на оценување на учениците во периодот на реализација на настава преку далечинско учење, односно учење од дома, изготвено од Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование, упатсвото е изготвено  согласно член138 Законот за основно образование за реализација и организација на наставата во основните училишта како и начинот на оценување на учениците и Уредба со законска сила за примена на член 45 Законот за средно образование за реализација и организација на наставата во средните училишта, како и начинот на оценување на учениците за

времетраење  на вонредна состојба.  Објавена на веб страната на министерсвото за образование и наука бр.12-4217/1 од 30.03.2020 година.

Со уредбата и упатсвата како барањата за ангажираност на наставниците и работа со учениците во една ваква вонредна состојба теоретски добро напишана од страна на советници од Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обуки, но што покажува практиката? Треба да истакнам дека напред наведените членови од ЗОО и ЗСО се за реализација во нормални услови. Никаде во Законите за основно, средно и високо образование нема предвидено онлајн – настава, односно далечинско учење, кои беа барања на многу експерти кои го познаваат образованието при донесувањата на законите. Но суетноста на министерката Дескоска и нејзиниот таканаречен експертски тим не го прифати. Што е европска пракса. Практиката  покажува и алармира дека македонското образование во овој момент треба да направи еднакви услови за сите деца, да смислат модели за обуки на наставниците што не се обучени и не се дигитално описменети за да може целиот процес со онлајн-наставата која е единствена опција, да функционира како што треба.  Тоа е обврска на македонскот образовен систем. Која е обврска согласно потпишаната Конвенција за правата на децата и други меѓународни конвенции за образованието. А тоа е за еднаков пристап во образованието и негово описменување и учење. Дали како држава тоа го исполнуваме?!. НЕ. Македонското образование, основно, средно, зависно од неговата поставеност или местоположба (село-град) на живеење децата, учениците немаат еднаков пристап (дискриминација), се поставува прашањето: Како ќе се реализираат наставните содржини  ако немаат комјутери?! Некои од семејсвата не можат да си дозволат да има основна опрема за да може да функционира онлајн.

Што говорат меѓу другото  практичарите.

Наставниците, професорите од основните и средните училишта говорат дека припремите-подготовките на наставните единици не се проблем, но тестирањето е проблем. Како што велат интернет комуникацијата во центарот на Скопје е слаба, а да не говориме за другите градови и села во Македонија.

Практичарите предлагаат (за ова вонредна состојба) сведителствата за ова година да нема оценки, туку само да пишува успешна завршена година, и тие да не се земаат предвид при уписите во средно и на факултет или да се зема средната оценка од првото,второто и третото тромесечие.

За оваа година да нема полагање на државна матура. Проблем е самото полагање. Треба да се полага во училиштата во цела држава во ист ден и ист час. Невозможно. За некаква објективност и не станува збор. За сето ова МОН нема ништо кажано, што  нема образовна стратегија и знаење.

Во однос на високото образование, практичарите говорат дека интернет комуникацијата со студентите во теоретскиот дел и наставните содржини  и прашања нема проблем. Проблемот се појавува со практичните вежби, посебно на уметничките и спортските факултети, природно-математичките, медицинските, стоматолошките, фармацевтските, архитектонските, градежните факултети и слично. Ова како што велат  професорите – практичните вежби треба да се реализират по завршување на оваа здравствена криза.

 

Напиша: Ѓорги Илиевски


Related Articles