Тачи: Итниот штаб во Тетово нема инфектолог, Филипче требаше да биде менаџер на кризата а не презентер на дневни статистики

Итниот штаб против Ковид-19 во Тетово, знаете вие дека нема инфектолог. Јавноста не знае, не знае ниту минстерот, нема ниту епидемиолог. Имаше една докторка, но таа ја нема никаде, рече…

Итниот штаб против Ковид-19 во Тетово, знаете вие дека нема инфектолог. Јавноста не знае, не знае ниту минстерот, нема ниту епидемиолог. Имаше една докторка, но таа ја нема никаде, рече претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи во емисијата “Клик Плус“ на телевизија Тв21.

Тој упати критики и на сметка на министирет за здравство Филипче, дека тој не треба да биде во функција на портпарол кој на дневна основа ги споледула статистиките од пандемијата со коронавирус, туку тој треба да биде менаџер на кризата, што за жал се покажа дека не е тоа.

– Министерот за здравство не треба тој што ги споделува статистиките, тој треба да е менаџер на кризата. За жал министерот Филипче не е тоа. Во најмала рака, кога тој има обраќање до јавноста, тој треба околу себе да има екперти, по двајца инфектолози и епидемиолози. До сега министерот требаше да ги има подготвено најголемите болници во земјата, со целиот потребен професионален кадар, рече Тачи.

Тачи, исто така, додаде дека ако тој бил премиер и ако имал парламентарно мнозинство, во Македонија ќе имаше 24 часа полициски час, како мерка против ширењето на корона вирусот.


Related Articles